
Ливерпул појавува сериозен интерес за играчот од средниот ред на Рома, Николо Заниоло. За офанзивниот фудбалер за врска минатото лето беа заинтересирани и Евертон и Тотенхем, но не дојде до сериозни преговори. Сега италијанските медиуми тврдат дека „црвените“ направиле чекор напред и стапиле во контакт со римјаните.
Заниоло има договор со Рома уште две години, а неговиот агент неодамна изјави дека нема разговори меѓу него и клубот за продолжување на соработката. 22-годишниот играч за врска стана исклучително важен играч за „волчицата“, иако се уште го прогонуваат повредите.
Јувентус и Атлетико Мадрид исто така ја следат ситуацијата околу играчот.
Ливерпул направи два од своите најуспешни трансфери во последните години со играчи кои дојдоа од Рома. Од Рим на „Енфилд“ пристигнаа Мохамед Салах и голманот Алисон Бекер.
Менаџерот Јирген Клоп подолг период бара адекватно решение за засилување на средниот ред на својот тим.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија мина прва низ целта, и ако се погледне целата сезона, сосема заслужено се...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Рома остана без капитенот до крајот на сезоната

Евро-фудбал
Чаби Алонсо има две желби за новиот Реал

Евро-фудбал
Артета: Ливерпул заслужува шпалир
