
Ливерпул е исклучително блиску до комплетирање на уште еден трансфер од Феенорд за новата сезона. Откако стана јасно дека наследник на Јирген Клоп ќе биде тренерот на клубот од Ротердам, Арне Слот, друштво може да му прави и дефанзивецот Лутшарел Хертруда.
Играчот може да игра на неколку позиции, бидејќи во Феенорд се истакнува како десен бек, централен дефанзивец и дефанзивен играч за врска. Хертруда е одличен и во воздушните дуели.
Ливерпул ќе мора да плати 30 милиони евра доколку Слот сака повторно да соработува со него и на „Енфилд“. Сумата може да биде толку мала бидејќи тој влегува во последната година од договорот со Феенорд.
Холандските медиуми тврдат дека англискиот гигант веќе некое време го следи Хертруда кој во исто време остава силен впечаток и во репрезентацијата. Минатото лето, Лајпциг беше блиску до потпис со дефанзивецот, но Феенорд одби да се раздели со него за помалку од 30 милиони евра.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш

Интернационалци
Бобан Николов се врати во Романија, потпиша за Фарул Констанца
