 
																												
														
														
													Ливерпул ќе испрати единствена официјална понуда за стоперот на Кристал Палас, Марк Гуехи. Според информациите од Англија, понудата ќе изнесува 40 милиони фунти, и ако Палас ја одбие, „црвените“ нема да ја зголемат сумата.
Лондонскиот клуб се надева дека ќе успее да инкасира околу 45 милиони фунти за својот капитен, кој денес полни 25 години. Гуехи има уште само една година од договорот со клубот, а медиумите на Островот тврдат дека самиот фудбалер сака трансфер на „Енфилд“ и веќе постигнал личен договор со клубот.
Интерес за англискиот репрезентативец покажуваат и Арсенал, Челси и Њукасл, но Ливерпул е во моментот најконкретен.
Кристал Палас, сепак, не е заинтересиран за размена на играчи во зделката. Иако се шпекулираше дека Ливерпул може да го понуди младиот Бен Доук како дел од договорот, „орлите“ инсистираат само на финансиски надоместок кој би го искористиле за нови засилувања.
Ливерпул неодамна го продаде Џарел Кванса на Баер Леверкузен за 35 милиони фунти, а иднината на Ибрахима Конате е под знак прашалник бидејќи неговиот договор истекува следната година. Затоа, клубот од Мерсисајд е во потрага по нов квалитетен централен дефанзивец.
 
												
																					- 
															
								    МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГАВардар по осум години ја победи Шкендија, и тоа на гости во Тетово со... Автор makfudbal
- 
															
								    МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)По осум години Вардар ја тресна Шкендија, и тоа во Тетово со 0-1. Цврст... Автор makfudbal
 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																							 
																							 
																							 
																							 
																							 
																							 
																							 
																							 
																							 
																							













 
														 
														 
														