Connect with us

Ливерпул го прескокнува редот за Влаховиќ, го доведува уште во јануари?

Иако Јувентус, Тотенхем и Манчестер Сити се меѓу најзаинтересираните клубови за потпис на Душан Влаховиќ, се чини дека Ливерпул би можел да направи изненадувачки потег во јануари и да се обиде да го доведе српскиот голгетер на “Енфилд”.

Претседателот на Фиорентина, Роко Комисо откри дека Влаховиќ нема да го продолжи договорот што истекува во 2023 година. Поради тоа, напаѓачот би можел да го напушти клубот на крајот на сезоната, кога ќе има само уште една година од договорот со италијанската екипа.

Претходно, весникот “Ла Газета дело Спорт” објави дека Фиорентина сака најмалку 90 милиони евра за да го продаде 21-годишниот талент и ги спомена Јувентус, Тотенхем и Манчестер Сити како клубови во пол-позиција за да ги обезбедат услугите на напаѓачот.

Сепак, според “Тутоспорт”, Ливерпул исто така е во трка за потписот на српскиот напаѓач и би можел да направи изненадувачки потег во јануарскиот преоден рок. “Црвените” не доведоа никого за време на летниот преоден рок, но се наведува дека може да изненадат во трката за перспективниот напаѓач уште во јануари.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови