Ливерпул не игра ни приближно до она што се очекуваше од нив оваа сезона. И покрај тоа, раководството на Ливерпул му даде поддршка на Клоп, а тоа најдобро се гледа од информациите кои ги објавија англиските медиуми.
Клоп го договорил првото засилување за јануарскиот преоден рок, а се работи за играч од средниот ред кој доаѓа од Бундеслигата. Станува збор за играчот од средниот ред на Лајпциг, Конрад Лајмер, кој исто така долго време е на листата на желби на Баерн. Сепак, како што стојат работите, кариерата ќе ја продолжи во Англија.
Договорот на Лајмер со Лајпциг истекува во летото 2023 година, па ова би било совршено време да го продадат доколку сакаат да заработат пари. Наводно, се е договорено, а Лајмер во јануари ќе стане фудбалер на Ливерпул.
Очигледно тој беше желба на Клоп, а управата на Ливерпул го поддржа мислењето на својот тренер и решија да го исполнат.
Лајмер моментно е повреден, но до јануари ќе се опорави и ќе биде подготвен за вториот дел од сезоната. Се чини дека повеќе нема да игра за Лајпциг.
Ливерпул го победи Баерн во трката за играчот за врска, а се очекуваат уште неколку засилувања на „Енфилд Роуд“.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Млади репрезентации
Станиќ: Наивни сме, мора да ги прележиме „детските болести“
Млади репрезентации
Младите фудбалери до 21 година убедливо поразени од Шведска
Евро-фудбал
Арсенал и Челси во трка за Рафаел Леао
Евро-фудбал
Челси сака да го купи Родриго
Млади репрезентации
Македонија У19 минимално поразена од Белгија
Евро-фудбал
Жоао Кансело сака да се врати во Европа













