
Најдобриот стрелец на Ливерпул, Мохамед Салах, би можел да биде продаден за сума поголема од 100 милиони фунти, објави „Football Insider“. Наводно, 31-годишниот Египќанец ќе стане следната голема ѕвезда што ќе се приклучи на Саудиската професионална лига, бидејќи оваа сума и не е проблем за тамошните клубови.
Петкратниот добитник на „Златната топка“ Кристијано Роналдо веќе игра во земјата, но Саудијците го гледаат Салах како совршено ново засилување.
На Ливерпул минатото лето клуб од Саудиска Арабија му понуди 150 милиони фунти за крилниот напаѓач, но „црвените“ ја одбија понудата. „Црвените“, сепак, сега би биле отворени за таков „дил“ поради ситуацијата со неговиот договор, кој истекува следното лето, и доаѓањето на нов менаџер на „Енфилд“.
Доколку трансферот се реализира, наследникот на Јирген Клоп, за кој се верува дека е шефот на Феенорд, Арне Слот, би можел да искористи дел од парите за нови засилувања на тимот.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal