Напаѓачот на Ливерпул, Дивок Ориги, ќе го пропушти финалето од Лигата на шампионите против Реал Мадрид в сабота поради повреда, откри менаџерот на „црвените“, Јирген Клоп.
Белгискиот фудбалер беше херој во 2019 година, кога постигна два гола во неверојатниот пресврт против Барселона со 4-0 во полуфиналето на Лигата на шампионите, а потоа постигна гол и во финалето против Тотенхем за 2-0.
„Дивок испадна за финалето на Лигата на шампионите. Тој се повреди во саботата и нема време да се опорави“, изјави со жалење Јирген Клоп.
Белгиецот од новата сезона ќе го носи дресот на Милан, новиот шампион на Италија.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар по осум години ја победи Шкендија, и тоа на гости во Тетово со...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
По осум години Вардар ја тресна Шкендија, и тоа во Тетово со 0-1. Цврст...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Јувентус го претстави Спалети како нов тренер
Евро-фудбал
Маркус Турам се врати на тренинзите на Интер
Евро-фудбал
Баерн немаше проблеми во Купот на Германија













