
Менаџерот на Ливерпул, Арне Слот, потврди дека Алисон Бекер ќе го пропушти саботното гостување кај Челси во Премиер – лигата, откако се повреди против Галатасарај во Лигата на шампионите. На тој натпревар се повреди и Хуго Екитике.
„Кога Алисон се врати по спринтот назад, почувствува нешто“, рече Слот. „Не можам точно да кажам што е, затоа што не сум лекар, но обично кога играч ќе забрза, почувствува болка и паѓа на земја, не се враќа во игра – а, инаку, некои тоа го прават стотици пати и по една минута повторно се враќаат без проблеми – нашите фудбалери не се од тие. Така што, ако нашиот играч е на земја, во девет од десет случаи се плашам од најлошото. Со „најлошото“ мислам дека не може да продолжи. Токму тоа се случи и со Алисон. Тој нема да може да игра в сабота – тоа е 99,9% сигурно.“
„Никогаш не е добар знак кога играч мора да го напушти теренот на овој начин. Алисон е важен дел од нашиот тим и сигурно нема да биде достапен в сабота“, продолжи менаџерот на Ливерпул.
„Хуго почувствува нешто кога требаше да стигне до топката. Кога се обидувавме да притиснеме, мислев дека нема да одземе многу време, но од другата страна имаше паднат играч, судијата свирна, и искрено, не очекувавме дека имаме повреден играч. Но, Хуго почувствува нешто. По натпреварот секогаш е тешко во вакви ситуации, затоа што играчите често велат: ‘Не е толку лошо’, но кога се движиш и почувствуваш различно оптоварување, или направиш свртување и треба повторно да шутираш – тогаш се покажува. Тој кажа дека не може да продолжи, затоа моравме да го замениме. Ќе видиме како ќе реагира понатаму“, образложи Арне Слот.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум граби напред, Башкими успеа да го сопре Вардар, а Шкендија ја...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Христијан Малески (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум е во фантастична низа од седум победи во осум натпревари и...
Автор makfudbal