
Ливерпул, Манчестер Јунајтед, Арсенал и Тотенхем поднеле правни известувања со кои ja изразиле својата намера да бараат обештетување од Манчестер Сити, во случај „граѓаните“ да бидат прогласени за виновни во големиот случај за финансиски прекршувања. Според „Тајмс“, четирите клуба ги регистрирале потенцијалните барања сега, пред истекот на законскиот шестгодишен рок.
Иако наводните прекршувања на правилата од страна на Сити датираат уште од 2009 година, адвокатите на клубовите оцениле дека шестгодишниот рок за правни последици, кои се однесуваат на овие прекршувања, во овој случај започнува од 5 ноември 2018 година, кога „Der Spiegel“ за првпат ги објави документите од „Football Leaks“, со што наводните прекршувања стануваат јавни.
Доколку обвинувањата против Сити бидат докажани, клубовите можат да поднесат барања за финансиски загуби поради пропуштени титули или квалификации за Лигата на шампионите и другите европски турнири во текот на неколку сезони. Таквите загуби би можеле да се проценат на стотици милиони.
Конечната пресуда за случајот за овие 115 обвиненија што Премиер – лигата ги поднесе против Манчестер Сити, најверојатно ќе биде позната кон крајот на сезоната, со можност за дополнителни жалби.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Ендрик во јануари го напушта Реал Мадрид

Интернационалци
Хаџиевски со Спартак Варна го сопре Лудогорец

Евро-фудбал
Алмада донесе триумф за Атлетико Мадрид (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Киву: Момците заслужуваат максимални пофалби

Евро-фудбал
Интер со голот на Бони го освои Рим (ВИДЕО)
