Connect with us

Лига Европа: Спортинг Лисабон на пенали го елиминира Арсенал

Спортинг Лисабон направи големо изненадување на „Емирати“ откако по изведување пенали го елиминира Арсенал со 5-3, пласирајќи се во четвртфиналето на Лига Европа. Габриел Мартинели на успеа да реализира удар од белата точка, голманот на гостите Адан одбрани.  

Натпреварот во регуларниот тек заврши 1-1. Арсенал имаше предност од 19.минута со голот на Гранит Џака, но во 62.минута Педро Гонкалвеш изведе неверојатна мајсторија кога од половина терен успеа да го надмудри истрчаниот Арон Рамсдејл.

Мечот отиде во продолженија, а потоа се изведуваа и пенали. На крајот, поуспешни беа фудбалерите на Спортинг Лисабон. 

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови