Connect with us

Лига Европа: Манчестер Јунајтед со голема предност оди кај Бетис, Арсенал и Спортинг ќе решаваат на „Емирати“

Манчестер Јунајтед вечерва ќе гостува кај Бетис по победата од 4-1 на „Олд Трафорд“ во првиот натпревар и засега е најблиску до пласман во четвртфиналето на Лига Европа. Тимот на Ерик Тен Хаг отпатува без Бразилецот Ентони кој остана во Англија поради болест.


Јувентус му гостува на Фрајбург, но „старата дама“ има минимално водство од 1-0 по првиот меч.

Севилја е „доктор“ за трофеи во Лига Европа, а има водство од 2-0 пред денешното тешко гостување кај Фенербахче во Истанбул.

Феенорд ќе игра против Шахтјор Доњецк, а првата меѓусебна средба заврши нерешено 1-1.
Во ноќната програма, дуелот меѓу Арсенал и Спортинг Лисабон привлекува најголемо внимание, а по првиот меч ниту еден тим не обезбеди предност (2-2).

Актуелниот шампион во конференциската лига Рома има удобно водство од 2-0, но го очекува тешко гостување кај Реал Сосиедад.

Унион Сен Жил и Унион Берлин се подготвени за уште едно голгетерско шоу по спектакуларното реми 3-3 во Германија, додека Баер Леверкузен ќе се обиде да го заврши започнатото на гостувањето кај Ференцварош по победата од 2-0 на домашен терен.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови