Манчестер Јунајтед одигра лудо второ полувреме, постигна пет гола и негативата од првиот дел (1-2) ја претвори во фантастичен триумф (6-2) на „Олд Трафорд“ против Рома. Англискиот тим со четири гола предност ќе патува на реваншот на „Олимпико“ во Рим. Вилјареал со 2-1 го совлада Арсенал и оваа полуфинална пресметка од Лигата на Европа е многу понеизвесна пред реваншот.
Бруно Фернандеш го доведе Манчестер Јунајтед во водство во деветтата минута, но потоа Рома постигна два гола преку Лоренцо Пелегрини од пенал во 15.минута и Един Џеко во 34.минута. Сепак, „ѓаволите“ го покажаа вистинското лице во вториот дел. Единсон Кавани израмни на 2-2 во 48.минута, а Уругваецот стрелаше и во 64.минута за целосен пресврт. Но, тоа не беше се.
Бруно Фернандеш од пенал зголеми на 4-2, набрзо погоди и Пол Погба, а конечниот резултат го постави Мејсон Гринвуд.
Вилјареал го совлада Арсенал со 2-1. Мануел Тригерос во петтата минута и Раул Албиол во 29.минута обезбедија предност од два гола за шпанскиот тим. Но, Арсенал намали од пенал преку Пепе во 73.минута. Дани Себалјос беше исклучен во 57.минута, а и Вилјареал остана со играч помалку во 80.минута поради исклучувањето на Етиен Капуе.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski