Connect with us

Лига Европа: Елмас на „Камп Ноу“, Адеми и Ристовски во Севилја, Николов против Брага

Почнува нокаут фазата во Лигата на Европа. Македонија веќе нема претставници во завршницата од Лигата на шампионите, но затоа ги има и повеќе од доволно во второто по ранг натпреварување.

Елиф Елмас и Наполи денеска гостуваат на „Камп Ноу“ и ќе ги одмерат силите против Барселона. Тоа е веројатно и најинтересниот двомеч од осминафиналната програма во Лигата на Европа.

Аријан Адеми и Стефан Ристовски со Динамо Загреб ќе се пресметаат со Севилја.

„Тие се одличен тим. Доволно говори фактот дека се на втората позиција и дека се борат за шампионската титула во Ла Лига“, изјави капитенот Адеми во пресрет на мечот.

Бобан Николов и Шериф отпаднаа од ЛШ, но сега со реални шанси за успех влегуваат во дуелот против португалскиот тим Брага.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови