Connect with us

Левандовски: Во Баерн како нешто да умре во мене

Баерн Минхен се соочува со заминувањето на најдобриот играч, Роберт Левандоски. Баварците работат на доаѓањето на Садио Мане, а се надеваа дека Левандовски ќе се премисли. Сепак, најновата изјава јасно покажува дека 33-годишниот Полјак е цврсто решен во својата одлука.


„Само сакам да го напуштам Баерн. Лојалноста и почитта се поважни од работата. Најдобар начин е да се најде заедничко решение. Нешто умре во мене, сакам да го напуштам Баерн за повеќе емоции во мојот живот”, изјави минатогодишниот најдобар стрелец во Бундес-лигата.


Лева е во Минхен од 2014 година, неговиот актуелен договор има важност до јуни следната година.


„Не размислував за ниту една понуда, освен онаа на Барселона. Веќе почнав да зборувам шпански. Имам куќа и во Шпанија. Сакам да го напуштам Баерн, тоа е јасно“, потенцира уште еднаш Левандовски.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови