Connect with us

Левандовски размислува за крај на кариерата, ако Барселона не му понуди нов договор?

Напаѓачот на Барселона, Роберт Левандовски, не ја исклучува можноста да стави крај на својата кариера следното лето доколку не потпише нов договор со каталонците, објави каталонскиот „Спорт“.

Сегашниот договор на 37-годишниот Полјак истекува на крајот од сезоната, а информациите од Каталонија велат дека раководството на клубот не планира да му понуди ново продолжување. Самиот Лева, кој постигна хет-трик во неделата против Селта, смета дека сè уште има што да даде на Барселона и сака да остане уште една сезона во клубот. Тој и неговото семејство се чувствуваат одлично во градот и не сакаат да се селат.

Се разбира, Левандовски ќе има и други понуди во летниот преоден рок, а речиси е сигурно дека клубови од Саудиска Арабија и САД ќе се обидат да го привлечат. Според „Спорт“, сепак, напаѓачот не е воодушевен од можен трансфер на Блискиот Исток.


Премин во друг европски клуб би го задоволил само доколку му овозможи да се натпреварува на највисоко ниво, без неговото семејство да мора да се пресели. Во таа насока, гласините за интерес од Атлетико Мадрид имаат логика за Полјакот. Милан и Манчестер Јунајтед исто така се споменуваат како потенцијални заинтересирани за поранешниот напаѓач на Баерн Минхен.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови