 
																												
														
														
													Напаѓачот на Баерн Минхен, Роберт Левандовски, нема да го бојкотира германскиот тим доколку се појават потешкотии при намерата да се пресели во Барселона. Фудбалерот сака да ја продолжи кариерата во каталонскиот клуб, но има уште една година договор на „Алијанц арена“.
Полјакот планира да го напушти баварскиот клуб во позитивна атмосфера. Нема да прави скандал и да бојкотира тренинзи доколку има пречки за трансфер во Барселона. Левандовски ќе ја задржи целосната професионалност до последен момент.
Изминатава сезона играчот постигна 50 гола и направи седум асистенции на 46 натпревари за Баерн Минхен. По завршувањето на сезоната во Бундес – лигата, напаѓачот најави желба да го напушти клубот.
 
												
																					- 
															
								    МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГАВардар по осум години ја победи Шкендија, и тоа на гости во Тетово со... Автор makfudbal
- 
															
								    МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)По осум години Вардар ја тресна Шкендија, и тоа во Тетово со 0-1. Цврст... Автор makfudbal
 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																							 
																							 
																							 
																							 
																							 
																							 
																							 
																							 
																							 
																							













 
														 
														 
														