Напаѓачот на Барселона и капитен на Полска, Роберт Левандовски, изјави дека може да игра до речиси 40-годишна возраст.
„Тоа чувство и таа страст сѐ уште се во мене, мислам дека сум целосно способен физички да играм уште три или четири години“, изјави Левандовски (35), цитиран од шпанскиот спортски весник „Марка“.
Поранешниот играч на Баерн Минхен изјави и дека не размислува да стане тренер во иднина. Откако стана најдобар стрелец во шпанската Ла Лига минатата сезона во дебитантската сезона со Барса, Полјакот има само седум гола на 13 натпревари оваа сезона поради повреда.
Сепак, тој не е загрижен.
„Чувствувам дека сум на вистинското место во вистинско време“, додаде напаѓачот на Барса.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Ливерпул му предложи нов договор на Шобослаи
Евро-фудбал
ПСЖ сака да купи дефанзивец на Барселона













