Connect with us

Левандовски го достигна рекордот – на Левандовски

Актуелниот германски првак Баерн Минхен го победи Гројтер Фурт со 4-1, со едно добро полувреме, а најдобриот стрелец Роберт Левандовски влезе во историјата. Полскиот интернационалец со два гола го режираше пресвртот, а израмни и рекорд што го оствари минатата сезона.


Левандовски повторно е неверојатен, постигна 28 гола на 23 натпревари оваа сезона. Досега тоа му успеало само на еден играч во историјата на германскиот шампионат. Погодувате – на Роберт Левандовски.

Тој минатата сезона по 23 кола исто така постигна 28 гола, а сезоната ја заврши со 41 гол и го надмина легендарниот Герд Милер.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови