
Лестер го отпушти менаџерот Брендан Роџерс. Клупските челници се надеваа дека перформансите на тимот ќе се подобрат и покажаа малку трпение, но тимот е во зоната за испаѓање на 10 кола до крајот на сезоната.
„Лисиците“ вчера загубија со 2-1 на гостувањето кај Кристал Палас, што беше шести пораз во последните седум натпревари во сите натпреварувања.
Лестер објави дека разделбата со Роџерс е со заедничка согласност.
„Постигнувањата на тимот под водство на Брендан зборуваат сами за себе. Имавме некои од нашите најдобри фудбалски моменти под негово водство и секогаш ќе му бидеме благодарни за височините што ни помогна да ги достигнеме“, изјави претседателот на Лестер, Ајават Шриваданапраба.
Роџерс пристигна во Лестер во 2019 година и го предводеше тимот до првиот ФА Куп во историјата на клубот. За време на неговата ера, тимот двапати завршуваше на петтото место во Премиерлигата и се пласираше во европските натпреварувања. Во 2022 година, „лисиците“ за првпат играа полуфинале на европски клупски турнир откако стигнаа до оваа фаза во Конференциската лига на УЕФА.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Прва лига
Струга ТЛ се засили со Гледи Мици

Евро-фудбал
Диого Жота загинал на пат кон Ливерпул

Евро-фудбал
Ливерпул: Скршени сме од болка

Прва лига
Јасмин Мециновиќ го засили Работнички

Прва лига
Олаосебикан потпиша за Вардар
