
Реал Мадрид се обиде да го доведе Килијан Мбапе во самиот финиш од летниот преоден рок, но ПСЖ ги одби понудите на Мадрид.
Договорот на Мбапе со ПСЖ трае до крајот на сезоната и тој може да го напушти Париз како слободен играч следното лето. Тоа не го загрижува ПСЖ кој одлучи оваа сезона со Лионел Меси, Нејмар и со Мбапе да ја нападнат Лигата на шампионите.
„Не сме задоволни од однесувањето на Реал“, изјави Леонардо, спортскиот директор на ПСЖ. „Започнете преговори за еден од најдобрите фудбалери во светот во последната недела од преодниот рок… Ова водеше до ситуација што не ни се допадна. Бевме јасни во преговорите со нив, понудата беше премала, тие ни понудија помалку од она што го плативме на Монако за него. Преодниот рок трае два или три месеци и тие сакаа да ни го нарушат тимот на самиот крај “, додаде Леонардо.
Леонардо е убеден дека Мбапе сепак нема да оди во Реал без надомест на крајот на сезоната. „Кралевите“ понуди околу 160 милиони евра за него ова лето.
„Не гледам ситуација во која Мбапе ќе си замине на крајот од сезоната. Никој не размислува за создавање тим без него. Нашиот однос со него е повеќе од само врска помеѓу клуб и фудбалер, а не само затоа што е Французин или е еден од најдобрите во светот“, заклучи Леонардо.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш

Интернационалци
Бобан Николов се врати во Романија, потпиша за Фарул Констанца
