Connect with us

Лео Меси продолжува со голгетерското шоу, постави нов рекорд во МЛС лигата (ВИДЕО)

Интер Мајами ја впиша својата петта последователна победа во МЛС – лигата, совладувајќи го тимот на Нешвил со 2-1.

Со оваа победа, тимот на Меси се доближи на само пет бодови зад водечката екипа во Источната конференција, Филаделфија.

Лионел Меси повторно блескаше и беше клучна фигура на натпреварот, постигнувајќи ги двата гола за својот тим. Првиот го даде во 17. минута, а вториот во 62. минута, со кој го постави и конечниот резултат.

Интересно е што со овој втор погодок Меси оствари нешто што не му се случило уште од 2012 година, кога играше за Барселона. Тоа беше последен пат кога успеал да постигне најмалку два гола на пет натпревари по ред.

Во целата сезона досега, Меси има вкупно 22 гола и седум асистенции на 27 одиграни натпревари за Интер Мајами.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови