 
																												
														
														
													Легендата на Милан, Андриј Шевченко, ја потврди својата желба да се врати на “Сан Сиро” по третпат, но како главен тренер на “росонерите” во одреден момент во иднина. Со вкупно 176 постигнати голови за Милан, Шева е вториот играч во историјата на клубот кој постигнал најмногу голови во големото “Дерби дела Мадонина” со 14 погодоци.
Благодарение на тоа што му помогна на тимот од Милано да ја освои Лигата на шампионите во 2003 година, Украинецот ја освои “Златната топка”.
“Милан не е само обичен тим, тоа е семејство. Кога ќе пристигнете во ‘Миланело’, ве третираат како член од семејството. Сонувам еден ден да станам тренер на Милан, тоа би било неверојатно”, изјави поранешниот украински напаѓач.
Шевченко е на позицијата селектор на украинската репрезентација од 2016, каде направи неверојатен успех и ја одведе неговата земја на Европското првенство ова лето. Украина е еден од противниците на македонската репрезентација во групата Ц.
 
												
																					- 
															
								    МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГАВардар по осум години ја победи Шкендија, и тоа на гости во Тетово со... Автор makfudbal
- 
															
								    МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)По осум години Вардар ја тресна Шкендија, и тоа во Тетово со 0-1. Цврст... Автор makfudbal
 
																					Евро-фудбал
Јувентус го претстави Спалети како нов тренер
 
																					Евро-фудбал
Маркус Турам се врати на тренинзите на Интер
 
																					Евро-фудбал
Баерн немаше проблеми во Купот на Германија
 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																							 
																							 
																							 
																							 
																							 
																							 
																							 
																							 
																							 
																							













 
														 
														 
														