
Рома обезбеди минимална предност од 2-1 против Атлетик Билбао во првиот осминафинален натпревар од Лигата на Европа, одигран на „Олимпико“. Италијанскиот тим дојде до победата со голот на Елдур Шомуродов во 94-та минута. Гостите први поведоа преку Ињаки Вилијамс од пенал во 50-та минута, но Анхелињо израмни само шест минути подоцна.
Ајнтрахт Франкфурт триумфираше со 1-2 на гостувањето кај Ајакс. Холандскиот тим поведе преку Броби во 10-та минута, но Ајнтрахт направи пресврт со головите на Ларсон во 28-та и Шкири во 70-та минута.
Лацио со деветмина фудбалери успеа да извојува драматична победа од 1-2 против Плзењ на гости. Победничкиот гол го постигна Исаксен во 98-та минута, иако „небесносините“ останаа со играч помалку по исклучувањата на Ровела и Гиго.
Најубедливата победа ја оствари Бодо/Глимт, кој го совлада Олимпијакос со 3-0. Каспер Хог постигна два гола, а Цолакис си даде автогол.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Млади репрезентации
Македонија У16 со убедлив триумф против Црногорците

Интернационалци
Нови Пазар го претстави Јован Манев како ново засилување
