
Македонските репрезентативци ќе бидат активни вечерва во Лигата на Европа. Аријан Адеми и Стефан Ристовски со Динамо Загреб гостуваат во Белгија и ќе се обидат да остварат позитивен резултат против Генк. Капитенот Адеми вели дека тоа ќе биде нов голем предизвик за „модрите“.
„Квалитетни се, ги гледав неколкупати оваа сезона, посебно се добри во офанзивниот дел. Но, секој тим има свои слабости, па така и Генк. Ќе треба максимално тоа да го искористиме ако сакаме да освоиме бодови на овој дуел“, изјави Адеми.
Елиф Елмас со Наполи го пречекува рускиот претставник Спартак Москва. По ремито против Лестер (2-2) во претходното коло, очекувањата се италијанскиот тим, кој игра одлично во Серија А, да атакува на триумф против Спартак Москва.
Српскиот првак Црвена Звезда десеткуван, без четворица главни играчи кои се позитивни на коронавирус, ќе гостува во Бугарија против Лудогорец, а Вест Хем е домаќин на Рапид Виена.
Во еден од најинтересните дуели, Реал Сосиедад ќе го пречека Монако.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш

Интернационалци
Бобан Николов се врати во Романија, потпиша за Фарул Констанца
