
Лацио се врати на победничките патеки, откако во дуелот од петтото коло на Серија А, триумфирааше убедливо со 0-3 на гостувањето кај Џенова.
Мечот на „Луиџи Ферарис“ практично беше решен уште во првиот дел. Веќе во четвртата минута Канчелиери го отвори резултатот, а во 30. минута Кастељанос ја зголеми предноста на 0-2.
Џенова не најде начин да се врати во игра, па во второто полувреме Лацио само ја потврди доминацијата – Закањи стрелаше за конечни 0-3.
За домаќините ова е трет пораз сезонава, а остануваат со само два освоени бода. Лацио, пак, се искачи на 12. место со шест бода. Во следното коло римјаните ќе го пречекаат Торино, додека Џенова гостува кај шампионот Наполи.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го освои Кратово и покажа дека има намера да се бори...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Недим Хаџиќ (Башкими)
Башкими има четири победи во седум кола и уште на стартот од сезоната им...
Автор makfudbal
