
Дефанзивецот на Ал-Наср, Ејмерик Лапорт, одбил трансфер во Реал Мадрид, пренесува шпанското издание „Марка“.
Според изворот, „кралскиот клуб“ му понудил договор на 29-годишниот Шпанец, гледајќи го како замена за тешко повредениот Давид Алаба. Австриецот долго време ќе биде надвор од терените со скинати вкрстени лигаменти.
Реал Мадрид сакаше да го ангажира Лапорт до крајот на сезоната, но беше одбиен од играчот и клубот од Саудиска Арабија.
Дефанзивецот му се приклучи на Ал-Наср од Манчестер Сити во август 2023 година. Во оваа сезона одигра 20 натпревари, постигна еден гол и една асистенција.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal