Connect with us

Куп: Шкендија ја декласира Ренова, победи за Шкупи и Брегалница, Пелистер и Вардар добри пеналџии

Шкендија надмоќно се пласира во четвртфиналето на Купот на Македонија откако во тетовското градско дерби ја декласираше Ренова со 5-0. Мерџани го отвори резултатот, Шала зголеми на 2-0, а Хебај го постигна третиот гол. Пред самиот истек на првиот дел Шала со својот втор гол најави дебакл за Ренова, а Хебај го постави конечниот епилог.

Шкупи исто така е во четвртфиналето откако минимално славеше со 1-0 на домашен терен на Чаир против Тиквеш со голот на Матеј Цветаноски во 30.минута од дуелот.

Брегалница го совлада Охрид со 4-0. Ѓокиќ донесе предност за штипјани, потоа Цветаноски си постигна комичен автогол, Кудијан го постигна третиот гол, а конечните 4-0 ги постави Мартин Стојанов.

Силекс ја совлада Беласица на гости со 2-4 и се пласира во четвртфиналето.

Струга ТЛ и Борец повторно одиграа 1-1, а после изведување пенали во следната рунда одат стружани (5-4).

Академија Пандев и Македонија ЃП ремизираа 1-1, а подобри изведувачи на пенали беа фудбалерите на гостинскиот тим (4-5).

Пелистер и Работнички одиграа без голови, исто како и Вардар и Скопје. По ударите од 11 метри во четвртфиналето се пласираа Пелистер (5-4) и Вардар (4-2).

КУП на МАКЕДОНИЈА – 1/8 финале

Академија Пандев – Македонија Ѓ.П.  4-5 по изведување пенали, (1-1) 

Брегалница – Охрид 4-0

Пелистер – Работнички 5-4 по изведување пенали, (0-0)

Шкендија – Ренова 5-0

Шкупи – Тиквеш 1-0

Струга Трим Љум – Борец 5-4 по изведување пенали, (1-1)

Вардар – Скопје 4-2 по изведување пенали. (0-0)

Беласица – Силекс 2-4

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови