Дефанзивецот на Севилја, Жул Кунде сака да се пресели во Барселона. Францускиот репрезентативец е категоричен во намерата да потпише со каталонскиот клуб иако за него има и финансиски поповолни понуди. Сепак, тој е подготвен да ги одбие за да го облече дресот на Барса.
Кунде е главната трансферна цел на Чави Хернандез за засилување на одбраната, а Севилја бара 65 милиони евра. Двата клуба веќе започнаа преговори, а Андалузијците немаат намера да прават отстапки.
Барселона ќе мора да продаде барем еден клучен играч за да обезбеди доволно средства за таков трансфер.
Кунде е во Севилја од 2019 година, а претходно мина две сезони во Бордо. Долго време преговараше со Челси, но договор не беше постигнат.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Барди донесе триумф за Коњаспор (ВИДЕО)













