
Левиот бек на Брајтон, Марк Кукуреља, ги помина медицинските прегледи во Лондон и сега е чекор поблиску до трансфер во Челси. Иако неговиот сегашен клуб инсистира дека се уште нема договор со лондончани, медиумите на Островот откриваат дека се е веќе решено.
Челси ќе плати 55 милиони фунти, плус 7 милиони фунти како бонуси за Шпанецот. Талентот на лондончани Леви Колвил ќе биде испратен на позајмица во Брајтон до крајот на сезоната.
Кукуреља исто така беше трансфер цел на Манчестер Сити, но шампионот одби да плати повеќе од 40 милиони фунти за него. Брајтон, пак, инсистираше преговорите да почнат од 50 милиони.
По финализирањето и на овој трансфер, раководството на Челси ќе се концентрира на доведување на Весли Фофана од Лестер.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Нико Ковач: Веќе ја видов силата на Јувентус
