
Кристал Палас му го нанесе првиот пораз на Ливерпул во новата сезона од Премиер лигата, победувајќи со 2-1 на свој терен. Домаќинот обезбеди триумф со голот на Еди Нкетија во 97. минута.
Претходно, Палас поведе со погодокот на Исмаила Сар во 9. минута, а Федерико Киеза израмни за Ливерпул во 87. минута.

Во останатите натпревари, Челси загуби на „Стемфорд Бриџ“ од Брајтон со 1-3. Енцо Фернандез донесе водство за Челси, но потопот почна откако домаќинот остана со фудбалер помалку поради исклучувањето на Чалоба.
Манчестер Сити убедливо славеше против Барнли со 5-1, додека Лидс и Борнмут ремизираа со 2-2.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го освои Кратово и покажа дека има намера да се бори...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Недим Хаџиќ (Башкими)
Башкими има четири победи во седум кола и уште на стартот од сезоната им...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Вест Хем се раздели со менаџерот Грем Потер

Евро-фудбал
Тотенхем сака да го откупи Палиња
