Connect with us

Кренке не го дава Арсенал: Остануваме 100 проценти посветени на клубот

Американската спортска компанија на Стен Кренке, која е сопственик на Арсенал, образложи дека нема планови за продажба на клубот.

„Во последните денови, забележавме шпекулации во медиумите во врска со потенцијална понуда за преземање на фудбалскиот клуб Арсенал. Остануваме 100 проценти посветени и не продаваме никаков удел во клубот. Не сме добиле никаква понуда и нема да слушнеме ниту една понуда.

„Нашата амбиција останува Арсенал да се натпреварува за освојување на најголемите европски трофеи и нашиот фокус останува на подобрување на нашата конкурентност на теренот”, се вели во официјалната изјава.

Изјавата доаѓа како реакција на шпекулациите за потенцијално преземање на клубот од страна на основачот на Спотифај и голем навивач на “топчиите”, Даниел Ек. Инаку Ек, кој наводно, има голема поддршка од многу легенди на тимот од северен Лондон, денес ќе разговара со медиумите околу потенцијална понуда за купување на Арсенал.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови