
Реал Мадрид продолжува да биде заинтересиран за дефанзивецот на Челси, Антонио Рудигер. Германскиот репрезентативец во оваа фаза не го продолжи договорот и доколку не го направи тоа и во наредните месеци, на лето ќе стане слободен агент.
Раководството на „кралскиот клуб“ на Рудигер веќе му понудило петгодишен договор и плата од 11 милиони евра по сезона. 28-годишниот дефанзивец неодамна го прекина молкот на оваа тема, велејќи дека сака да остане на „Стемфорд Бриџ“, но само доколку Челси ги прифати неговите услови.
Германецот може да се врати и во Бундес – лигата. Тој е меѓу имињата за кои се разговара при летната селекција на Баерн Минхен. Баварците бараат замена за Никлас Суле, кој ќе се пресели во Борусија Дортмунд.
Оваа сезона, Рудигер има 34 натпревари во сите натпреварувања, постигнувајќи и три гола. Тој е во Челси од 2017 година.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија мина прва низ целта, и ако се погледне целата сезона, сосема заслужено се...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Рома остана без капитенот до крајот на сезоната

Евро-фудбал
Чаби Алонсо има две желби за новиот Реал

Евро-фудбал
Артета: Ливерпул заслужува шпалир
