
Шпанскиот и европски првак Реал Мадрид ќе продолжи со трансферите дури откако ќе стане јасно колку и кои играчи ќе го напуштат клубот ова лето. „Марка“ тврди дека судбината на Марко Асенсио и на Дани Себалјос е клучна.
Двајцата имаат договор со „кралевите“ на уште една година и најверојатно нема да го исполнат, откако не се задоволни од понудите кои клубот им ги упати за продолжување на соработката.
Се проценува дека Реал Мадрид за Асенсио сака околу 50 милиони евра, додека Себалјос е проценет на само 10 милиони евра. Лука Јовиќ, Маријано Дијаз и Хесус Валјехо речиси сигурно заминуваат од „Бернабеу“ ова лето, а Борха Мајорал ќе разговара со тренерот Карло Анчелоти дали ќе има минутажа како замена за Карим Бензема.
Капитенот Марсело и Герет Бејл и Иско веќе си заминаа откако не им беа обновени договорите.
Досега Реал Мадеид доведе две нови засилувања, дефанзивецот Антонио Рудигер кој дојде како слободен играч од Челси и Аурелиен Чуамени за кого Монако доби 80 милиони евра. Но, јасно е дека ќе има уште некое засилување на „Бернабеу“.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Четири натпревари, нема многу избор, но, сепак, победите мора да се вреднуваат. Вардар успеа...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Втора лига
Полициската истрага се шири и во Башкими?

Евро-фудбал
Јувентус го враќа Виктор Осимен во Серија А
