 
																												
														
														
													Реал Мадрид оствари убедлива победа над Гранада (1-4) на гости и го задржа чекорот во трката за шампионската титула. „Кралевите“ имаат два бода негатива во однос на лидерот Атлетико Мадрид на две кола до крајот на шампионатот.
Лука Модриќ во 17.минута го отвори резултатот, а Родриго пред крајот на првиот дел зголеми на 0-2.
Гранада постигна погодок преку Хорхе Молина во 71.минута, но Реал Мадрид брзо одговори со два нови гола. Одриозола во 75.минута погоди за 1-3, а само една минута подоцна Карим Бензема го постави конечниот епилог.
 
												
																					
				Advertisement
				
			
		- 
															
								    МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГАВардар по осум години ја победи Шкендија, и тоа на гости во Тетово со... Автор makfudbal
- 
															
								    МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)По осум години Вардар ја тресна Шкендија, и тоа во Тетово со 0-1. Цврст... Автор makfudbal
				Advertisement
				
			
					
				Advertisement
				
			
		 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																							 
																							 
																							 
																							 
																							 
																							 
																							 
																							 
																							 
																							













 
														 
														 
														