Реал Мадрид оствари сигурен триумф (4-2) против Севилја во Ла Лига и успеа да ја прескокне Барселона, која сега се наоѓа на третата позиција на табелата. „Кралевите“ имаат бод заостанување зад лидерот Атлетико Мадрид.
Килијан Мбапе го отвори резултатот во десеттата минута, а Феде Валверде со проектил од далечина погоди за 2-0 во 20.минута. Третиот погодок беше дело на Родриго, по што возврати и Севилја преку Ромеро.
Брахим Дијаз на почетокот на второто полувреме зголеми на 4-1, а конечниот епилог го постави Лукебакио во 86.минута.
На овој натпревар од активното играње се прости легендарниот Хесус Навас, кој влезе на теренот на „Сантијаго Бернабеу“ во 65.минута и го доигра дуелот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Ливерпул му предложи нов договор на Шобослаи
Евро-фудбал
ПСЖ сака да купи дефанзивец на Барселона













