Фудбалерите на Реал Мадрид во полуфиналето на Светското клупско првенство ќе играат против победникот од мечот во кој ќе се сретнат Сиетл/Ал-Ахли и Оукленд, одлучено е денеска со ждреб во мароканскиот град Сале.
Во второто полуфинале Фламенго ќе игра против подобриот од натпреварот Казабланка – Ал-Хилал.
Реал кој веќе четири пати го освојуваше Светското клупско првенство е голем фаворит за продолжување на доминацијата на европскиот првак во ова натпреварување.
Светското клупско првенство ќе се одржи од 1 до 11 февруари во Мароко. Оваа земја веќе двапати беше организатор на ова натпреварување, во 2013 и 2014 година.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Млади репрезентации
Фудбалерите до 19 години поразени од Португалија













