Connect with us

„Кралевите“ без Лукас Васкез против Лајпциг

Освојувачот на Лигата на шампионите, Реал Мадрид, ќе биде без услугите на Лукас Васкез за натпреварот против Лајпциг во среда, објави шпанскиот клуб. Крилниот напаѓач им се приклучи на повредените Карим Бензема и Едер Милитао откако се повреди на последниот меч против Мајорка.


Напаѓачот и дефанзивецот настрадаа во успехот над Селтик пред неколку дена.

Лукас Васкез доби силен удар во левата нога и денеска и утре ќе биде подложен на опсежни тестови, но сигурно нема да биде достапен за натпреварот против германскиот тим.

Бензема има повреда на квадрицепсот на десниот бутрен мускул, а ќе го пропушти и дербито со Атлетико Мадрид викендов. Тој е неизвесен е и за натпреварите на репрезентацијата на Франција против Австрија и Данска во Лигата на нации на крајот на месецот.

Бразилскиот дефанзивец Милитао има повреда на левата тетива, но би требало да биде на располагање за дербито со Атлетико.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови