
Фудбалската икона на Лестер во изминатите 13 години, Џејми Варди, објави дека ќе го напушти клубот по завршувањето на актуелната сезона. „Лисиците“ и официјално испаднаа пред неколку дена по поразот од Ливерпул, а денес 38-годишниот напаѓач ја соопшти веста преку емотивна видео порака.
„Тажен сум што дојде овој ден, но знаев дека на крајот ќе се случи. Поминав 13 неверојатни години во овој клуб, со кого имавме многу успеси. Имаше и падови, но добрите моменти беа далеку повеќе. Конечно дојде време да ставиме крај, што навистина ме скрши. Сепак, мислам дека моментот е вистински. Само сакам искрено да ви се заблагодарам што ме прифативте како еден од вашите. Лестер засекогаш ќе има огромно место во моето срце. Во следните години ќе го следам клубот со надеж дека ќе биде уште поуспешен. Засега ова е мое збогум, но ветувам дека повторно ќе ме видите“, изјави Варди.
38-годишниот Англичанец има 496 настапи и 198 голови за Лестер, каде што пристигна од Флитвуд Таун во 2012 година за 1 милион фунти. Во 2016 година ја освои Премиер – лигата со „лисиците“, а потоа стигна и до четвртфинале во Лигата на шампионите. Во 2021 година ги освои ФА Купот и Комјунити Шилд.
Неговиот договор со Лестер истекува на 30 јуни, по што тој ќе биде слободен агент. Доколку Варди одигра уште четири од преостанатите пет натпревари до крајот на сезоната, ќе стигне до магичната бројка од 500 настапи во дресот на „лисиците“.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Прва лига
Работнички го доведе и Белул Елмазоски

Млади репрезентации
Влатко Колев го објави списокот на фудбалери за Македонија У17 против Кипар

Евро-фудбал
На „Маракана“ ечеше – „Пикси, оди си!“ (ВИДЕО)

Интернационалци
Мартин Ѓоргиевски прави изненадувачки трансфер во Збројовка Брно
