Connect with us

Конте: Веќе немавме сили, многу сме истрошени

Тренерот на Наполи, Антонио Конте, призна дека неговиот тим останал без сили при поразот со 0-2 од Бенфика во Лигата на шампионите.

„Ова е кумулативен ефект од толку многу натпревари, неизбежно е дека со текот на времето ќе си ја платевме цената“, изјави тој.

„Партенопеите“ излегоа со истиот стартен состав кој го победи Јувентус во неделата, а заморот се почна да се чувствува уште на самиот почеток на натпреварот во Лисабон. Тимот на Наполи делуваше бавно и тешко успеваше да ја загрози одбраната на противникот.

„Вистината е дека не бевме агресивни од самиот почеток. Бенфика играа во петок, додека ние игравме во недела по долга серија тешки натпревари“, рече Конте за „Скај Спорт Италија“.


„Во тие натпревари потрошивме многу физичка и психичка енергија. Го спомнав тоа пред овој меч, затоа што знаев дека со текот на времето ќе ја платиме цената“, изјави Антонио Конте.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови