
Менаџерот на Тотенхем, Антонио Конте, е задоволен од триумфот (2-3) над актуелниот првак Манчестер Сити, но потсети и на претходните три порази на својот тим.
„Една победа не е доволна. Да не заборавиме дека претходно претрпевме три последовни порази. Но, сигурно овој успех над Манчестер Сити ќе ни даде самодоверба и верба во она што го правиме. Треба уште многу да се подобриме. Овие играчи се фантастични. Можеби ова е една од најдобрите групи играчи со кои сум работел во мојата кариера досегаи верувам дека овој триумф ќе ја зголеми нивната самодоверба“, изјави Конте.
Медиумите на Островот велат дека Тотенхем се разбудил во вистински момент, но Конте сепак останува цврсто на земја.
„Ако очекувате да ви кажам дека е добро што загубивме три натпревари по ред, нема да го сторам тоа. Затоа што мразам да губам. Но, во исто време тоа не охрабри да ја покажеме оваа реакција бидејќи во два од последните натпревари, не оној против Челси, не заслуживме да загубиме. Но, во Премиер лигата е секогаш тешко и мора да се даде максимумот“, дополни Италијанецот.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Прва лига
Работнички го доведе и Белул Елмазоски
