Тотенхем го освои четвртото место во неизвесниот финиш на Премиер – лигата и обезбеди учество во Лигата на шампионите следната година. Имаше многу проблеми во текот на сезоната, но италијанскиот менаџер Антонио Конте ја постигна целта поставена пред него кога во ноември минатата година ја презеде клупата на клубот од Лондон.
Како награда за добрата работа, Тотенхем му понуди на Конте продолжување на соработката, а според медиумите на Островот, италијанскиот стручњак по интензивните разговори со управата и спортскиот директор Фабио Паратичи решил да остане во Тотенхем.
По договорот со Конте, Тотенхем започнува со составување на тимот за следната сезона. Главна цел е да се задржи напаѓачот Хари Кејн и да се откупат договорите на Кулушевски и на Ромеро.
Се очекува Тотенхем да ги засили во сите линии на тимот. Форстер треба да се натпреварува со Хуго Лорис за голманската позиција. Желба за стопер е Бремер од Торино. Ериксен со враќање во Лондон би можел да ја засили конкуренцијата во средниот ред, како и Португалецот Палиња од Спортинг Лисабон. Голема голема желба на крилните позиции е Рахим Стерлинг од Сити. Друштво на Кејн во нападот би можел да му прави друг „граѓанин“, Габриел Хесус.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Брендан Роџерс го напушти Селтик













