Connect with us

Конте ја објасни причината зошто Наполи загуби на „Сан Сиро“

Тренерот на Наполи, Антонио Конте, не го криеше разочарувањето по поразот од Милан со 1-2 во натпревар од Серија А. Поразот беше прв за „наполитанците“ во последните пет кола, но го натера тренерот да побара подобар тимски фудбал од своите играчи.

„Не беше лесно да се игра по раниот гол, но сепак ми се допадна настапот на тимот. Дури и во првото полувреме ја притискавме противничката екипа високо и создававме шанси. Последниве денови примаме малку повеќе голови, иако одбраната секогаш ни била силната страна. Треба да продолжиме да работиме, но ми се допадна настапот против толку физички силен противник како Милан“, вели Конте.

„Ова е нашиот прв пораз во пет натпревари и сепак се случи на „Сан Сиро“ против Милан, а не против тим од дното на табелата. Милан има силни страни и јасно е зошто постигна два гола. Истовремено, ние треба да играме подобар тимски фудбал и момците тоа добро го знаат: напаѓаме заедно и се браниме заедно. Треба да бидеме малку пофокусирани. Беше тешко при 0-2, но започнавме да играме подобро и да создадаваме шанси. Сепак, требаше да ги искористиме“, искоментира тренерот на Наполи.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови