Тренерот на Порто, Серџо Консеисао, изрази жалење дека неговиот тим немаше доволно среќа пред голот на гостите, во ремито без голови против Интер, што донесе и елиминација за Португалците од Лигата на шампионите.
Интер се пласираше во четвртфиналето со вкупен резултат 1-0, а на реваншот на „Драгао“ синоќа Порто имаше неколку одлични шанси да постигне гол и да го испрати натпреварот во продолженија. Сепак, стативите и голманот на Интер го спречија португалскиот тим.
„Одигравме одлично и севкупно во двата натпревари изгледавме подобро, но не успеавме да го направиме најважното – да постигнеме гол. Мораме да им оддадеме признание на играчите, тие одиграа одличен натпревар. Интер нѐ надигра само во последните 10 минути од првиот натпревар во Милано кога играа со човек повеќе по суспензијата на Отавио и тоа се покажа како одлучувачко“, изјави Консеисао по натпреварот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Македонија Ѓорче Петров
Боби Божиновски е нов тренер на Македонија ЃП
Евро-фудбал
Зидан ја презема Франција по СП 2026
Евро-фудбал
Артета во проблем, Габриел ќе паузира два месеци













