
Тренерот на Баерн Минхен, Венсан Компани, изрази задоволство од минималната победа (0-1) над Борусија Менхенгладбах, но нагласи дека тимот требало да биде поефикасен и да го затвори натпреварот порано.
„Ова беше тежок натпревар на гостински терен, особено бидејќи беше првиот по паузата. Но, кога создаваш толку многу шанси, треба да постигнеш еден, два, три или повеќе голови и да го решиш мечот. Ние тоа не го направивме. Она што ми се допадна беше енергијата и менталитетот на тимот. Имавме многу отсутни играчи, но никој не се пожали. Се боревме и останавме смирени до самиот крај“, изјави Компани.
Тој го пофали и настапот на Ерик Даер на натпреварот.
„Кога играме на ваков начин, иако промашуваме многу шанси, лесно е да пофалам некој конкретен играч. Тоа е така бидејќи секој си ја заврши задачата. Ерик е играч со големо искуство кој знае како да се снајде во вакви моменти. Играчите како него имаат карактер и секогаш го ставаат тимот на прво место“, додаде Белгиецот.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Срамот е за Воска, која го напушти теренот и не го доигра мечот против...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Јас би ја казнил Шкендија 59 меча да игра без публика!
Трагедијата во Кочани се случи, сигурно дека можеше да се превенира, но со оглед...
Автор Nikola Gjurovski