
Навивачката група Комити со реакција за денешниот натпревар во Струга по кој Вардар и официјално испадна од елитата. Струга Трим Лум победи со гол од пенал што го реализираше Марјан Алтипармаковски во 67.минута од мечот. Во соопштението на Комити се вели…
Инаку денес во Струга натпреварот се играше пред 300 гледачи !
Делегатот од ФФМ се разбира дека нема да го има тоа во записникот, ниту пак судиите, иако ФФМ дирекно го пренесуваше мечот. И како што “е редот”, полицијата беше надвор нема слепа и глува на притисоците, а гледачите внатре.
Токму притисокот од публиката дирекно влијаеше “неутралниот” судија да покаже на белата точка.
Тие се на платен список во ФФМ и секако дека не смеат да зуцнат, и должни се да климаат со глава пред наредбите ‘од врвот’.
А кои се наредбите се знае, Вардар да се бутне по секоја цена, за потоа да се појави “месијата” и да биде спасител.
Чисто да се знае, делегатот во Скопје, кога е Вардар домаќин на Градски, дава приговори и кога има покрај редарите, повеќе од 5 лица претставници на домашниот клуб. Но правилата не важат подеднакво за сите !
Од почетокот на пролетниот дел за Вардар не беше досуден ниту еден пенал, додека против Вардар просечно на секој натпревар по еден, беа досудени безброј непостоечки фаули, очигледни офсајди и други ситуации кои директно влијаеа на конечните резултати. Од актуелното раководство на ФК Вардар немаше ниту еден приговор кон судењата, иако се беше очигледно и аматерски, и тоа е уште еден доказ за сочесништвото во буткањето на клубот.
Значи покрај коалицијата на власта и опозицијата преку нивните најистурени играчи, треба да се знае и дека ФФМ учествуваше дирекно во цела лакрдија.
Ова што му го направивте сите заедно на Вардар и особено на овие голобради момчиња од играчи е во најмала рака загреота и се прашуваме каде ќе Ви оди душата.
Нема амнестија, нема простување, секој ќе го добие заслуженото, а ВАРДАР ЌЕ ЖИВЕЕ !

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Хулк постигна гол директно од корнер (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Галатасарај сака да го доведе и Тер Штеген

Интернационалци
Енис Барди е новата „десетка“ на Коњаспор (ФОТО+ВИДЕО)

Евро-фудбал
Стефано Пиоли е нов тренер на Фиорентина

Евро-фудбал
Фудбалер на Атлетик Билбао падна на допинг-тест
