Connect with us

Комисијата за натпревари при ФФМ одржа семинар пред почетокот на пролетниот дел од сезоната

Комисијата за натпревари во рамки на Фудбалската федерација на Македонија во хотел „Хилтон“ во Скопје го организираше редовниот семинар за делегати на натпреварите од Прва и Втора МФЛ.

На семинарот се дискутираше за првиот дел од тековната натпреварувачка 2023/24 сезона во која учество и активности имаа сите делегати кои беа присутни на  семинарот. Целта на работилницата за делегати на ФФМ е да се исправат одредени пропусти во организацијата на мечевите и во континуитет да се подобрува знаењето на службените лица во поглед на организацијата на натпреварите.

На редовниот семинар присутните имаа можност да го слушнат и предавањето од страна на Роберт Марковиќ од Комисијата за безбедност и интегритет при ФФМ. Пред делегатите беше промовирана и презентирана УЕФА програмата против местење фудбалски натпревари. Акцент беше ставен и околу дисциплинските санкции на клубовите во однос на нивните навивачки групи поради користењето на пиротехника и транспаренти со навредлива содржина на национална база за време на фудбалските натпревари во Прва и Втора МФЛ.

На крајот на редовниот семинар беше направена и редовната проверка на знаење (тестирање) на делегатите на Прва и Втора МФЛ.

„На овој семинар, имавме можност да споделиме знаења, да направиме увид на сработеното во првиот дел од натпреварувачката сезона и стратегија која ќе ни помогне за подобра организација на натпреварите во иднина.

Секој аспект на нашиот спорт се потпира на посветеноста и стручноста на луѓето кои директно се вклучени во натпреварите. Како делегати и официјални лица ја носиме одговорноста да ги поддржуваме вредностите на интегритет, почит и фер игра.

Преку соработка и меѓусебна почит можеме да се движиме низ предизвиците што ни претстојат. Ваквите средби и семинари ни помагаат да создадеме трајни врски кои ќе ја зајакнат структурата на фудбалот во нашата држава и македонското првенство“, изјави претседателот на Комисијата за натпревари, Игор Франговски.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови