Мануел Локатели најави дека ќе го напушти Сасуоло ова лето, но и потврди дека ПСЖ е една од можните идни дестинации. Поранешниот фудбалер на Милан се поврзуваше со Јувентус и со Манчестер Сити, но според италијанските медиуми, Сасуоло нема да му дозволи да замине за сума помала 40 милиони евра. Иако неговиот договор на стадионот “Мапеи” истекува во 2023 година, тој не се гледа повеќе во овој клуб.
“Му благодарам на Сасуоло затоа што тие веруваа во мене кога никој друг не веруваше, но сите знаеме која е најдобрата одлука за мојата кариера, а мојата иднина може да биде во Италија или странство”, изјави италијанскиот репрезентативец за “Л’Екип”.
“Би сакал ново искуство надвор од Италија, затоа што не ја добивате истата можност двапати. ПСЖ е врвен клуб, има Италијанци, но исто така и Нејмар и Килијан Мбапе, кој е иден освојувач на “Златната топка”. Исто така, Париз е прекрасен град.
“Двата натпревари од четвртфиналето во Лигата на шампионите помеѓу ПСЖ и Баерн Минхен беа фантастични. Бев импресиониран од квалитетот на нивните додавања, ја видовме разликата помеѓу добри играчи и шампиони”, додаде Локатели.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар по осум години ја победи Шкендија, и тоа на гости во Тетово со...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
По осум години Вардар ја тресна Шкендија, и тоа во Тетово со 0-1. Цврст...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Тотенхем сака да го купи Мејсон Гринвуд
Евро-фудбал
Јувентус се договорил со Спалети
Интернационалци
Растодер стрелец за Тун, Столе Димитриевски бранеше за Валенсија
Евро-фудбал
Аталанта ремизираше и против Милан (ВИДЕО)













