Connect with us

Коло Муани е новата цел на Њукасл

Њукасл има нова примарна цел за замена на Александер Исак, тоа е напаѓачот на Пари Сен Жермен, Рандал Коло Муани.

Клубот од „Сент Џејмс Парк“ веќе започнал преговори со фудбалерот за да ги дознае неговите ставови околу можен трансфер и условите што би ги поставил. Коло Муани пристигна во ПСЖ во 2023 година за впечатливи 95 милиони евра од Ајнтрахт Франкфурт. Минатата сезона беше позајмен во Јувентус, каде што остави солиден впечаток, па „старата дама“ исто така размислува за негово трајно ангажирање.

Договорот на Французинот со парижани трае до летото 2028 година, а интересот на Њукасл доаѓа откако не успеа да го доведе Бењамин Шешко, кој се реши за Манчестер Јунајтед. Иако постојат и други опции, во моментов Коло Муани е најконкретната цел на „чавките“.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови