
Ветераните на Борец на состанок со првиот човек на компанијата Брако и досегашен спонзор Кочо Анѓушев, утрово договорија да го преземат клубот и да продолжат со работа. Анѓушев се согласи да им го предаде акционерското друштво без долгови и без надомест.
„Имавме конструктивен состанок со господинот Кочо Анѓушев, на кој се договоривме клубот и формално-правно да ни го предаде, за што сме му благодарни, но му изразуваме огромна благоданост за се што направи за Борец досега. Уште денеска ќе ги информираме играчите дека тренажниот процес продолжува. Веќе се обезбедуваат услови за нормално функционирање на клубот”, изјави Марјан Нацев за велешкиот портал „батали.нет“. Нацев треба да биде новиот претседател на акционерското друштво.
Освен Нацев, на состанокот беа присутни и поранешните играчи на Борец Благој Петров и Зоран Петковски и претставникот на навивачката група Гемиџии, Марјан Грумбаровски.
Борец треба да го добие ваучерот од Агенцијата за млади и спорт, чиј износ треба да покрие добар дел од платите на фудбалерите. Тимот продолжува со работа и се подготвува за вториот дел од сезоната во Првата фудбалска лига.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар продолжи со одлични игри и во Струмица совладувајќи ја Брера со 0-2, со...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Јас би ја казнил Шкендија 59 меча да игра без публика!
Трагедијата во Кочани се случи, сигурно дека можеше да се превенира, но со оглед...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Важен триумф за Валенсија (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Јувентус сака да го доведе Расмус Хојлунд
