Сè беше подготвено за враќањето на капитенот на Барселона за Ел Класико, но потоа пристигна разочарувачка вест – Рафиња ја обновил повредата и го очекува нова пауза.
Штом дозна убави вести за враќањето на Феран Торес, па и Рафиња, тренерот Ханси Флик 24 часа подоцна доби нова лоша – Бразилецот почувствувал непријатност во мускулот и станува збор за нова повреда.
Рафиња требаше да добие зелено светло по денешниот тренинг, но наместо тоа го очекува нова пауза, иако сè уште не е познато колку долго ќе трае.
Ова е голем удар за Ханси Флик ако се земе предвид дека сигурно надвор од комбинација се Роберт Левандовски и Дани Олмо, кои ќе се вратат дури на почетокот на ноември.
Во овој момент, Ханси Флик за Ел Класико може да смета само на триото – Јамал, Рашфорд и Феран Торес, додека како опција од клупата ќе биде младиот Рони Барџи.
Големото дерби Реал Мадрид – Барселона е закажано за недела во 16:15 часот на „Сантијаго Бернабеу“.
-
„Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриa Фудбал Форум 2026“
Оваа година „Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриа Фудбал Форум“, еден од најважните...
Автор makfudbal
-
ФИЛИП ЛАМ ексклузивно ЗА МАКФУДБАЛ: Германија мора повторно да го пронајде својот идентитет
Шокиран сум. Германија по третпат по ред е елиминирана во раната фаза на едно...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Халанд: Мечот со Англија е специјален за мене
Втора лига
Баже Јанакиевски е нов тренер на Работнички













